Туристички зони околу езерата

Bez autora
Dec 28 2011

Покрај Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро ќе се формираат поголеми локации од повеќе хектари на кои ќе се градат хотели и други рекреативни содржини поврзани со хотелиерството. За реализација на овој проект се подготвува закон со кој ќе се формираат овие туристички зони. На овој проект се осврнавме на последната седница на Комитетот за туризам. Законот наскоро ќе биде готов. Локациите ќе бидат понудени како цели зони, а подоцна доколку не успее продажбата на цели зони ќе се оди парцијално за изградба на хотели. Владата за туристичките зони ќе дава специјални бенефиции за да се привлечат повеќе инвеститори да изградат хотели. Овие зони подоцна ќе ни носат повеќе гости, туризам, повеќе девизен прилив, повеќе вработувања и посилна економија.

Туристички зони околу езератаПокрај Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро ќе се формираат поголеми локации од повеќе хектари на кои ќе се градат хотели и други рекреативни содржини поврзани со хотелиерството.

За реализација на овој проект се подготвува закон со кој ќе се формираат овие туристички зони.

- На овој проект се осврнавме на последната седница на Комитетот за туризам. Законот наскоро ќе биде готов. Локациите ќе бидат понудени како цели зони, а подоцна доколку не успее продажбата на цели зони ќе се оди парцијално за изградба на хотели - рече Груевски.

Владата за туристичките зони ќе дава специјални бенефиции за да се привлечат повеќе инвеститори да изградат хотели.

- Овие зони подоцна ќе ни носат повеќе гости, туризам, повеќе девизен прилив, повеќе вработувања и посилна економија. Министерството за транспорт и врски доби задача до крајот на јануари да излезе со Предлог-закон пред Владата, онака како што е зацртано во нашата предизборна програма. Проектот е сличен како технолошко-развојните индустриски зони каде што се привлекуваат инвеститори кои градат фабрики - потенцираше премиерот Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik